ДЕТЕ ГО СНИМИЛО УБИЦОТ ОД ХАМБУРГ? За германските медиуми изјави дека слушнал најмалку 25 истрели (ВИДЕО)

Синоќа седум лица беа убиени во напад на црквата на Јеховините сведоци во Хамбург. Грегор Мисбах, кој живее во близина на зградата каде што се случи масакрот, го слушнал истрелот, по што снимил лице како влегува во зградата преку прозорец.

Потоа, како што вели, се слушнале истрели од внатрешноста на зградата.

Лицето што го видел подоцна излегло од салата, било забележано во дворот, а потоа испукало повеќе истрели внатре.

- Откако пристигнала полицијата, пет минути подоцна следел последниот истрел - рекол младиот човек.

Во овој момент не е јасно дали напаѓачот е во бегство, ниту пак неговото тело го пронашле внатре во зградата.

Од полицијата најавија дека денеска во текот на денот ќе одржат прес-конференција на која ќе изнесат повеќе детали.

Засега не е познат мотивот за нападот, но за убиецот се вели дека е лице на возраст меѓу 30 и 40 години кој бил поранешен член на верската заедница на Јеховините сведоци