Доби поголем аплауз од Меси: Палаво куче истрча на теренот и им ја украде топката на фудбалерите (УРНЕБЕСНО ВИДЕО)

Кучето не сакаше да ја пушти топката дури и кога еден од фудбалерите го зеде во раце и почна да го носи низ теренот

Кучињата сакаат да си играат со топки, па кога ќе ги видат не избираат време или место за играње со омилената играчка.

Така, палавото, но преслатко куче ги насмеа фановите на фудбалскиот натпревар кога истрча на теренот среде натпревар, ја украде топката и почна да си игра со неа. Кучето не сакаше да ја пушти топката ниту кога еден од фудбалерите го зеде во раце и почна да го носи низ теренот.

@fjerry

Legend

original sound - FJerry

Во еден момент кучето случајно ја испушти топката, но не ја врати, иако на играчите им беше дадена нова топка за да ја продолжат играта. Фудбалерот му го предаде кучето на чуварот кој потоа го извади од теренот, а видеото од неговата палавост стана хит на „TikTok“ и има речиси 25 милиони прегледи.

„Дајте му ја таа топка“, се пошегува еден.

„На неговото лице нема ни грам каење“, додаде друг.

Додека кучето го изнесуваа од теренот, публиката го поздрави со громогласен аплауз и овации.


Извор: www.alo.rs