Доктор шокира со неговата изјава за кафето: „Она што го пиете наутро содржи лебарки“
Ако сте некој кој треба да го започне денот со шолја кафе, можеби е подобро да не го читате следново. Бидејќи како што тврди д-р Каран Раџ, со кафето го добивате и она што никогаш во животот не би го ставиле во уста.
Докторот Каран Раџ, кој со своите информативни видеа собира милиони прегледи на „TikTok“, во едно од нив објасни дека ако конзумирате мелено кафе, голема е веројатноста да испиете и парчиња лебарки.
- Претходно меленото кафе, како тоа во повеќето продавници, содржи мелени бубашваби- лебарки. Одреден процент од зрната кафе се заразени со разни бубачки. Вообичаено, не може целосно да се обработи, па само се пече и се меле со зрна кафе – објасни тој.
Тој додаде дека повеќето регулаторни тела дозволуваат одреден процент на инсекти во нашата храна. Тој се обиде да го „спаси денот“ додавајќи дека лебарките содржат протеини.
„Побезбедна опција е кафе во зрна“
Истото го вели и професорот по биологија на Универзитетот во Монтана, Даглас Емлен, кој вели дека по години проучување на инсектите и нивните односи со луѓето, еден од неговите стари професори станал многу алергичен на одредени видови инсекти.
Тој открил дека меленото кафе е преработено од големи залихи на кафе, кои се речиси невозможно да се заштитат од контаминација.
Американските стандарди дозволуваат зрната кафе да содржат дури 10 отсто „нечистотија и инсекти“, пишува „Мирор“.
Извор: zena.blic.rs