Два века подоцна: Видеото открива што пронашле археолозите кога го отвориле гробот на Исус
Најсветото
место
Гробот на Исус, беше отворен од грчки конзерватори пред четири години, првпат по скоро два века, а камерите го забележаа моментот кога ја отвараа гробницата, кога беше откриено што има внатре.
„Отворањето на гробницата ќе им овозможи на експертите единствена можност да ја испитаат оригиналната позадина на најсветото место на христијанството“, напишаа новинарите на „Нешнл географик“ кои присуствуваа на настанот за целите на документарниот филм.
„Морам да признаам дека колената ми се затресоа“, рече Фред Хиберт, археолог од „Нешнл географик“.
Гробницата е заштитена со децении со метална конструкција која одржува мермерни блокови кои биле расипани од времето и влијанието на илјадници аџии и туристи.
Мермерната плоча била преместена на три дена поради реновирање и археолошка анализа, а фотографот успеал да го фотографира местото каде што, според верувањето, има карпа зад која било положено телото на Исус.
Сликата на Исус може да се види во тесниот дел под плакетата, а конзерваторите пронајдоа уште неколку материјали што ги испратија на анализа.
Едикуле, која се наоѓа под куполата на црквата, изградена на местото на карпата во која наводно почива Исус, и по чистењето, сè е вратено на своето место. Мермерните плочи беа исчистени и сочувани, а само скршените и кревки делови беа заменети.
Можеби ќе ве интересира:
Приближно еден од 10.000 Македонци е калуѓер: 10 векови монаштво