Џорџ Клуни им помага на луѓето во Италија погодени од поплавите

Областа околу езерото Комо во Италија деновиве е погодено од поплави, поради обилните дождови, а Џорџ Клуни одлучи да им помогне на жителите на градот каде што тој самиот поседува семејна куќа.

Обилните дождови во вторникот минатата недела предизвикаа поплави и создавање лизгање на земјиштето околу езерото Комо, а славниот оскаровец следниот ден беше виден како ги обиколува уништените области со сопругата Амал Клуни и нивните две ќерки, пишува people.

Во изјава за италијанските медиуми, Клуни рече дека ситуацијата е многу полоша отколку што мислел дека ќе биде и дека ќе бидат потребни милиони долари за реконструкција:

„Ова е силен град, сигурен сум дека ќе биде уште подобро по реновирањето отколку порано.

Во изјава за „UK Times“, градоначалникот на Кома, Роберто Пози, ги потврди тврдењата на актерот за огромни материјални штети. Сепак, тој рече дека не го губи оптимизмот.

„Клуни дојде во градот ден по поплавата, потоа ги посети сите погодени области. Тој е потресен и сака да помогне.

Собираме пари за реконструкција на градот, мислам дека тој ќе ги искористи своите врски за да можеме што побрзо да ја собереме потребната сума и да им помогнеме на сите што ги загубија своите домови“, рече Пози.

Пози ја заклучи изјавата, изјавувајки дека очекува реакција и финансиска помош од властите со цел што побрзо да се поправи штетата предизвикана од неколкудневните врнежи.


Фото: EPA-EFE/KIMMO BRANDT