Е ОВА Е ВИСТИНСКИ МАЖ: Ја нашол жената на својот живот и испратил писмо до бившиот!

Секој кој долго време е сингл (сам) знае колку е тешко да се најде „вистинската“ личност за себе, со која ќе се смири и ќе создаде семејство. Всушност, личност која секојдневно ќе ви носи насмевка на лицето. Овој човек го направи тоа.

Марти Џејд Буенконехо со години ја барал девојката од своите соништа. Имаше среќа и конечно ја најде. Но, никогаш немаше да дојде до тоа, ако неговата девојка не беше „клоцаната“ од нејзиниот поранешен.

Свесен дека „ѓубрето на една личност е богатство за друго лице“, тој решил да му се заблагодари на тој човек пишувајќи му писмо.

Веќе ви е јасно дека со ова писмо Марти ги запали социјалните мрежи.

- Ти благодарам. Ти благодарам што само си замина од нејзиниот живот, што ја остави. Ти благодарам што ми даде можност да ја сакам, да правам работи за неа што ќе ја направат среќна и ќе ја задржам со мене. Јас сум ти благодарен што ја повреди. Затоа што ако тоа не го направи, таа немаше да научи важна лекција.

Ќе дадам се од себе никако да не ѝ предизвикам болка, бидејќи секоја нејзина солза ме боли. Ќе ги направам сите оние работи за неа што ти не успеа да ги направиш.

Ќе бидам таму секогаш кога таа ќе се чувствува осамено. Секогаш ќе ми биде приоритет, а не само една од опциите. Ќе ги слушам нејзините приказни, озборувања и оплакувања, колку и да се бизарни или прозаични. Ќе и дадам време, дури и кога таа не го бара тоа од мене.

Ќе се грижам за девојката што не успеа да ја цениш. Ќе ја сакам жената што си ја земал здраво за готово. Ќе направам се за да ја задржам и да ја натерам да остане со мене засекогаш.

Ќе ја сакам таква каква што е, и ќе ја поддржам ако сака да стане нешто друго. Јас ќе бидам партнерот што не можеше ти да бидеш. Ќе бидам човек кој нема да ги повторува твоите грешки.

Никогаш нема да ја пуштам да си оди.

Извор: телеграф