Е ова се вика среќа: Стана милионер по втор пат

Ралф Роудс освои 1 милион долари на лотаријата во Масачусетс, со лото ливче што го купи на една бензиска пумпа.

Тој иститот износ го освои и минатиот мај, а потоа избра веднаш да подигне 650.000 американски долари, наместо да заработи чек на 50.000 долари годишно за 20 години. Сè уште не одлучил за што ќе ги потроши добиените пари.

Ова не е еднинствен случај некој  два пати да добие на лото. Кај Флородосвои 3 милиони долари на лотаријата во 2013 година, откако минатата година лото ливче му донесе 10 милиони долари. Еден Французин освои 1 милион евра во 2016 и 2018 година играјќи ја истата ждрепка.

Статистиката вели дека можноста за вакво нешто да се случи е една од 16 милијарди.