Еден близнак јадел само веганска храна, друг месо: По две недели ја откриле разликата

Еднојајчаните близнаци Хуго и Рос Турнер одлучиле да направат мал експеримент поврзан за начинот на хранење.

Хуго две недели јадел само веганска храна, додека Рос се држел до храната богата со месо, а промените на нивните тела ги следел тим научници од лондонскиот колеџ „Кингс“. За време на експериментот научниците ја мереле промената на нивните тела, нивото на холестерол и мускулна маса.

View this post on Instagram

A post shared by The Turner Twins (@theturnertwiins) on


(Напомена: фотографиите се направени пред почетокот на експериментот)

Двајцата за тоа време вежбале во теретана, пет до шест пати неделно, а внимавале и во приготвувањето на оброците, така што внесувале скоро па индентичен број на калории. На крајот на експериментот се покажале важни разлики во нивниот физички изглед.

View this post on Instagram

A post shared by The Turner Twins (@theturnertwiins) on


Пред да го исфрли месото од исхраната, Хуго тежел 63,9 килограми и имал 13% маснотии во телото. На крајот на експериментот имал 82,1 килограм, а процентот на маснотии во телото му се намалил на 12%. Исто така му паднало и нивото на холестерол. Раскажал дека сега има повеќе енергија, отколку пред промената на начинот на исхрана.

View this post on Instagram

A post shared by The Turner Twins (@theturnertwiins) on


„Мојот ментален фокус беше многу подобар додека бев на веганска диета. Не чувствував попладневен пад на енергијата“ - рече тој.

Тоа го објасни со промената во ужинките. Бидејќи колачите и чипсот кои имаку ги јадел не влегувале во веганската исхрана, ги заменил со овошје и јаткасти плодови.

View this post on Instagram

A post shared by The Turner Twins (@theturnertwiins) on


Рос експериментот го почнал со тежина од 79,4 килограми и 13% маснотии. За време на експериментот добил плус 4,5 килограми мускулна маса и 1,8 килограм масно ткиво. На крајот на експериментот имал 85,7 килограми, а процентот на маснотии му се кренал на 15%. Нивото на холестерол не му се променило.

View this post on Instagram

A post shared by The Turner Twins (@theturnertwiins) on


Овој експеримент траел прилично кратко во споредба со другите студии поврзани со исхраната, а близнаците потврдија дека експериментот би сакале да го повторат во траење од шест или дванаесет месеци, за да добијат точни резултати.