Еден од најпознатите блогери во светот се заљуби во Македонија: Неверојатните дестинации и прекрасни луѓе

Многу често познати блогери или вљубеници во туризмот кои ги објавуваат своите патеписи доаѓаат во Македонија. И скоро секој има пофален збор за убавините кои ги нуди нашата земја. И не само тоа- за богатата историја, културното наследство, бисерите...

Роберт Дачешин е еден од најпознатите и најпопуларните блогери за патувања кој објави репортажа за убавините на Македонија за која вели дека покрај неговата земја, му е омилената дестинација во која бил на територијата на поранешна Југославија.

Тој буквално е восхитен од она што го поседуваме (за кое можеби ни самите не сме свесни). Дечанин започнува од Балканскиот Ерусалим- Охрид, го претставува како нешто што го нема никаде на светот, а потоа за Тоше Проески, за храната, гостопримството, љубеазноста, планините...

View this post on Instagram

A post shared by Robert Dacešin (@robert_dacesin)


„Неверојатните дестинации, вкусната храна која ја вкусивме и прекрасните луѓе кои ги сретнавме на секој агол и на крајот на патувањето останав заљубен во оваа земја и се што таа нуди“, вели Дачешин.

Инаку, тој има посетено над 90 земји и прави видие претставувања. Оваа година како една од дестинациите за посета ја избра токму Македонија, како 94 земја, и во првото од четирите видеа направени за нашата земја ги претставува и зборува за причините заради кои се заљубил во неа.

View this post on Instagram

A post shared by Robert Dacešin (@robert_dacesin)


Има освоено и многу награди за неговата работа. 

Најдобар туристички филм на светот за 2022, Валенсија; сребрена награда за видео записот за БиХ на Фестивалот Терес во Шпанија; прва награда на меѓународниот фестивал за туризам во Јужноафриканската Република и многу други, како и неговото учество на настан во организација на УНЕСКО како млад шампион на мирот.

Видеото ќе ве фасцинира, а тој има што да каже за ова парче прекрасна земја: