Еднаш во карантин беа затворени 20.000 жени: Темна историја на епидемиите

Додека карантинските практики можат да бидат ефективни во спречувањето на ширењето на епидемијата, историјата сугерира дека ова се најмаргилизираните групи кои неправедно се насочени

„Карантин“ е збор што се користи за периодот на изолација со кој се соочува секој кој можеби бил изложен на новиот коронавирус. Илјадници луѓе ширум светот беа или се ставени во карантин додека државите се борат со ширењето на новиот вирус. Сепак, иако се чини дека ширењето на карантините низ целиот свет е преседан, ова не е првпат да се користат за да се спречи ширењето на заразата, пренесува Си-Ен-Ен.

Зборот, но и практиката, има темна и сложена историја која се враќа во средниот век.

Бубонска чума во Венеција (14 век)

Зборот карантин потекнува од францускиот збор „quarantaine“, што значи „околу 40“. Зборот за прв пат се користеше во Англија во 1617 година и се однесуваше на 40 дена на брод за кој се сомневаше дека носи заразна болест, и беше изолиран на брегот.

Сепак, првиот случај на институционализирана карантинска практика се случи многу порано, во 14 век.

Бубонската чума, или т.н. Црна смрт, ја нападна Европа во периодот од 1347 до 1352 година, убивајќи околу 20 милиони луѓе.

Кога чумата започнала да се шири во Венеција во 1347 година, пристаништата почнале да ги одвраќаат бродовите за кои постоело сомневање дека доаѓаат од заразените области. Во следните години, властите во Венеција беа првите што ги официјализираа заштитните мерки. Тие ги затворија своите пристаништа за сомнителни бродови и патници беа изложени на 40 дена изолација, според Музејот на науки во Лондон.

Конгресот го зема карантинот во свои раце (1878)

Како што се развиваа Соединетите држави во 18 век, заштитата од заразни болести потпаѓаше во локалните и државните надлежности, според Центрите за контрола и спречување на болести.

По епидемијата на жолта треска која ја погоди Филаделфија и уби 5.000 луѓе во 1793 година, градот ја става во карантин станицата Лазарето долж реката Делавер, која зафати четири акри.

Меѓутоа, како што продолжи епидемијата на жолтата треска, Конгресот презеде акција и го донесе Националниот акт за карантин во 1878 година.

Законот не се коси со правата на државите, но го отвори патот за вклучување на сојузната влада во карантинските активности.

Локалните станици за карантини полека беа предадени на сојузната влада и системот за карантин беше национализиран до 1921 година.

Расистички кинески карантин (1900)

Во март 1900 година, Чик Гин, кинески сопственик на градежен склад, почина од бубонска чума во Кинатун, Сан Франциско.

Властите веднаш блокираа соседство од 15 блока, карантинирајќи околу 25.000 кинески жители и затвораа продавници во сопственост на луѓе кои не беа бели во кожата.

Подоцна истата година, судот пресуди дека карантинот е расистички и го укина.

Епидемија на бубонската чума (1901)

Во Кејп Таун, Јужна Африка, во 1901 година, епидемијата на бубонска чума го принуди скоро целото црно население на градот да влезе во карантински логор.

САД ги затвори жените за да спречат ширење на венерична болест (1917)

За време на Првата светска војна, федералните власти откриле дека голем процент од нивните војници биле заразени со сифилис или гонореја.

Скоро 20.000 жени, од ​​кои повеќето имаа венерична болест, беа во затвор без да бидат официјално обвинети за злосторството.

Некои биле проститутки, додека други биле „добротворни девојки“, кои се согласиле на секс во замена за храна или забава.

Тие беа опкружени со бодликава жица и чувари и беа принудени да бидат подложени на понижувачки медицински третмани.

Историчарот Алан Брант го нарече овој обид „најконкретен напад врз граѓанските слободи во име на јавното здравство во американската историја“.

Министерството за здравство, образование и благосостојба на САД ги пренесе своите карантински одговорности во Националниот центар за заразни болести, сега американскиот центар за контрола и спречување на болести (ЦДЦ).

Кога ЦДЦ ја презеде одговорноста, имаше карантински станици на секое пристаниште, меѓународниот аеродром и главниот граничен премин.

Во 1970-тите години, ЦДЦ го намали бројот на карантински станици од 55 на осум, бидејќи се сметаше дека заразни болести се „нешто од минатото“, наведува ЦДЦ.

Но, по терористичките напади од 11 септември што предизвикаа стравувања од биотероризам, па и епидемијата на САРС во 2003 година, карантинските станици беа зголемени на 20.