Еве колку време од животот ќе изгубите поминувајќи на Фејсбук? Поразителни бројки

Дали некогаш сте се запрашале колку време трошиме на социјални мрежи? Една студија од страна на маркетинг агенцијата Mediakix ја постави задачата за прецизно пресметување на ова прашање.

По обработка на податоци од агенцијата утврдиле дека просечниот корисник поминува 40 минути на ден во YouTube, 35 минути на Facebook, 25 минути во Snapchat, 15 минути во Instagram и само една минута на Twitter.

Ако овие бројки се земени како основа, излегува дека 5 години и 4 месеци од нашиот живот ќе поминат во социјални мрежи. Само на Фејсбук ќе поминеме 1 година и 7 месеци од нашиот живот.

За споредба, просечно лице троши 7 години и 8 месеци гледајќи телевизија и 3 години и 5 месеци во јадење и пиење во нивните животи.

А пак ако ви е чудно што друго можете да направите за поминатите 5 години и 4 месеци, од агенцијата дале неколку примери - можете да отидете до Месечината и назад 32 пати, да се искачите на Еверест 32 пати, да ја изгледате серијата "Симпсонови" 215 пати или да го прошетате вашето куче 93.000 пати.