(ФОТО) Историско откритие: Пронајдена куќата на Исус Христос?
Британскиот истражувач Кен Дарк, археолог од Универзитетот во Ридинг, тврди дека ја нашол куќата во која Исус Христос го поминал детството и дека истата се наоѓа во Назарет, објави деновиве европскиот сојуз на археолози на својот официјален профил на Твитер.
Childhood home of Jesus Christ excavated by archaeologist Professor Ken Dark in Nazareth, Israel, after a 14-year study of a stone and mortar dwelling in Nazareth, Israel, underneath the Sisters of Nazareth Convent. #biblicalarchaeology @BibArch https://t.co/wBvKdEWNS8 pic.twitter.com/0w19NKvsfy
Дарк помина 14 години во потрага по остатоците од манастирот во Назарет во Израел, каде што, според неговото тврдење, живеел Исус.
Според „Дејли меил“, засновано врз истражување на терен, Дарк заклучил дека куќата му припаѓала на Јозеф, сопругот на Марија или таткото на Исус.
„Куќата имала неколку соби, двор, балкон на покривот, а денес на тоа место се гледаат само скали од камен, а зад куќата се наоѓа природна пештера“, рече Дарк.
Дарк признава дека не постојат физички докази дека тоа навистина било куќа на Исус, меѓутоа, тој додава дека е тешко да се најдат докази кои датираат од пред 2000 години, додава Дејли Меил.
извор:Танјуг/krstarica.net