(ФОТО) Кој му го чува грбот на Миле Паника?

Човекот е легенда. Заедно со другите двајца од К-15 и да не се актуелни, хуморостични се до бескрај. 

Народот ги сака иако денес секој е на своја страна. Се чини дека од нив, најактивен на социјалните мрежи е Бранко Огњановски ака Миле Паника. 

Често постира откачени фотки на Инстаграм, а последнава му е хит. 

Се слика, а позади неговиот грб е исто тој, со слика која е иста како позата што ја прави. На главната фотографија се забележуваат три дигнати палци. Браво Бранко, знаеш како да не насмееш сите и во време на невреме.