Во „Coal Office“ ресторанот, имате ексклузивна понуда да ги тестирате сите работи кои се продаваат...
Многу брилијантни идеи можат да се родат покрај богат оброк. Старите добри пораки напишани на салфетките од ресторанот им донесоа огромен успех. Токму од таа причина, можеме да кажеме дека креативната посветеност потекнува од полниот стомак.
Ова е
всушност главната идеја за постоење на „Tom Dixon Coal Office“ ресторанот, кој
минатата есен беше отворен во Лондон. Посетата на овој ресторан ќе ви пружи
прилика добро да се најадете, а воедно да ја најдете и својата инспирација.
Главниот фокус на овој ресторан не е храната, иако таа е дефинитивно превкусна, туку купи-пробај искуството кое славниот дизајнер го приредува. Мермерниот стол на кој седите? Достапен е за продажба. Лустерот над вашата глава, исто така, како и винските чаши, тањири и други бројни детаљи што ги има наоколу.
Со оглед на тоа што дизајнот знае да го освои секој елемент од нашите животи, најголемите светски имиња од архитектурата и дизајнот на ентериер, се почесто ги носат своите клиенти овдека на ручек или на пијалок, за да им овозможат прилика да почувствуваат како изгледа вистинската вредност на производите кои се нудат за продажба.
Мора да признаеме дека ова е генијален начин на рекламирање!