(ФОТО) Пиштол од МЕТЕОРИТ кој чини 4,5 милиони долари
Можеби не сте слушнале за компанијата„Cabot“, но тоа ќе се промени во моментов ...
Оваа компанија има неверојатен талент за дизајн на пиштоли, нешто
што досега не сме имале можност да го видиме надвор од некој филм на научна фантастика.„ Big Bang“ е всушност изработен од вселенски камен, а дизајниран е со
неверојатна прецизност и комплексна механика, што целосно ја оправдува цената од
4,5 милиони долари.
Овие модерни оружја направени од метеорит ќе бидат пуштени на аукција, нудејќи им на потенцијалните сопственици неспоредлив стил, безвременска вредност и уникатно чувство за иновации.
Овој волшебен пиштол ни ги претставува деловите изработени од оксидирано железо, што ни ги открива годините на метеорот од кој е направен. Оголените делови биле создадени како резултат на брзо загревање, ладење, експанзија и намалување на повеќе од милијарда години, што значи дека инженерите на компанијата „ Cabot“ мораа целосно да го скенираат и обликуваат каменот пред да започнат со процесот на создавање на овој софистициран пиштол.
Пиштолот „ Big Bang“ е секако ремек-дело, а има само два исти, но сосема различни модели, што му дава уште поголема ексклузивност. Конечните детали што се присутни ги нагласуваат сите материјали, со полирани делови на рачката и со природно обликувани страни и рамки.