Фотографија од лилјак со „големина на човек“ ги исплаши луѓето: Не е ниту измама ниту монтажа
Неверојатната глетка на џиновски лилјак што виси во барака или на гаража не остава никој рамнодушен
Лилјаците ретко на никому да му се мили и кога уште се соочувате со џиновска лилјак, сигурно ќе почувствувате страв. Ова се случи неодамна кога на Твитер беше објавена фотографија од претставник на вид што може да се најде само на Филипините, познат како џиновска златнокрунска летачка лисица.
Корисникот ја сподели сликата на својата страница со
пораката: „Сетете се кога реков дека има лилјаци со големина на луѓе на
Филипините?“.
Remember when I told y'all about the Philippines having human-sized bats? Yeah, this was what I was talking about pic.twitter.com/nTVIMzidbC
Фотографијата ги запали социјалните мрежи, а коментарите се различни. Од заплашени луѓе кои не знаеја дека воопшто постои такво суштество, до неверници кои тврдат дека се работи за монтажа, пренесува Objektiv.rs.
Ќе потенцираме дека ова не е измама, туку таканаречена присилна перспектива што го прави лилјакот да изгледа поголем одошто е.
Патем, летачките лисици се лилјаци од родот Pteropus, кој припаѓа на подвидот Летипас, кои се најголеми лилјаци во светот.
Загрозени видови
Бидејќи утврдивме дека нема лилјаци во човечка големина на Филипините, време е да објасниме неколку работи. Овој лилјак може да има распон на крилјата до 1,5 метри, но неговото тело не е подолго од 30 сантиметри.
И покрај нивниот застрашувачки изглед, овие лилјаци се вегетаријанци и јадат претежно овошје. Поради уништување на шумите и ловокрадството, тие се на списокот со загрозени видови.