Фризер среди бездомник и создаде друг маж: Сега е Интернет сензација - „20 години е помлад“ (ВИДЕО)
Фризерот решил да му ја скрати косата на бездомник кој
одамна не се бањал - му ја скратил косата, ја средил брадата и постигнал
неверојатна трансформација!
Убавите гестови никогаш не се доволни! Социјалните мрежи беа преплавени со видео на кое се гледа трансформацијата на бездомник кој долго време не се капел. Со прилично запуштен изглед, со несредена коса и брада, човекот се согласил на понудата на Џошуа Сантијаго, фризер кој сакал да го промени неговиот изглед.
Фризер сретнал бездомник на улица и решил да му ја понуди неговата услуга за да се чувствува подобро и да изгледа подобро. Трансформацијата ги воодушеви и изненади корисниците на социјалните мрежи, а судејќи по коментарите, сите се согласуваат во едно, а тоа е дека сега изгледа 20 години помладо!
„Секој заслужува да се чувствува добро и среќно за себе“, напиша фризерот на својот профил на TikTok во видеото на кое се гледа како бездомник седи на стол. Џошуа реши да ја скрати огромната брада и коса, а конечниот резултат е за пофалба! Во друго видео тој покажа како изгледа маж без брада и уредна фризура. Она што е интересно е дека бездомникот избрал што сака, а фризерот истакнува дека неговото правило е „да им го даде на муштериите тоа што го побарале“.
Коментарите беа неизбежни. „Човече, колку е убав сега!“, „Не ми се верува дека изгледа буквално 20 години помладо“, „Каква разлика прави фризурата и брадата, тоа е нереално“, „Ти благодарам за гестот, ова е прекрасно“ , „Сега изгледа како кул лик од игра“, се вели во коментарите.
Фото и Видео: ТикТок