Галеб влезе во кафуле и се самопослужи: Тој точно знаеше за што е дојден
Галебот успеал да го сними Кери Ралф, кој раскажа како птицата шетала низ кафулето и влегувала и излегувала од локалот, гледајќи постојано во пакувањата со чипс.
Гостите на „Кафе Неро“ во шкотската област Ајршир ги забавувал галеб кој влегол во барот.
Птицата отишла директно до полицата со грицки, зела една кеса со чипс и брзо истрчала надвор.
Галебот е снимен од Кери Ралф кој раскажува како птицата шетала низ кафулето и влегувала и излегувала од локалот постојано гледајќи во пакувањата со чипс. На крајот галебот влеголповнатре, зграпчил едно пакување со чипс и брзо избегал. Снимката е направена на 5 август, и оттогаш е хит на Интернет.
Видео: newsflare
Можеби ќе ве интересира:
По 50 години: Повторно видена најретката раса на куче, се веруваше дека се изумрени (ВИДЕО)