Климатските промени на дело: Експлодира метан под вечен мраз и направи кратер длабок 50 метри (ВИДЕО)
Метанот
експлодирал под мразот во Сибир
Меурот од акумулираниот метан, кој којзнае колку
долго растел под вечниот мраз во Сибир, кој сега започна да се топи, експлодираше
и создаде импресивен кратер длабок 50 метри.
Гигантската дупка најпрво ја забележал телевизиски
екипаж кој летал над областа, а според „Сибир Тајмс“, кога научниците отишле да
испитаат што се случило, откриле парчиња мраз и карпи исфрлени стотици метри од
епицентарот.
Научниците штотуку започнаа да го испитуваат
феноменот и засега не е утврдено со сигурност дали оваа бездна е создадена како
последица на климатските промени.
Сепак, во 2014 година, нешто слично се случи на
полуостровот Јамал во северозападна Русија, по серијата невообичаено топли
лета.
Експертите веруваат дека ваквите џиновски дупки се
резултат на ненадеен колапс на ридови или тундра, што се случува кога
растворањето на мразот ја охрабрува акумулацијата на метан под површината.
Поради глобалното затоплување на Арктикот, областа
на вечниот мраз рапидно се топи. Научниците веруваат дека овој процес влијае на
создавање на такви бездни, но сè уште нема доволно истражување што со сигурност
потврдува дека климатските промени се оние кои првенствено го поттикнуваат
нивниот колапс.
Видео: Вести Јамал
Можеби ќе ве интересира:
Гнездо на огнениот орел: Најмистериозното место во Сибир