Газда му подари автомобил на работик, бидејќи многу пешачел до дома: Директори, дали се срамите? Да имаше повеќе вакви, каде ќе завршевме
Сопственикот на компанија за транспорт во Алабама, САД, му дал на работникот автомобил откако
пешачел околу 32 километри,
со цел да стигне навреме на работа, јавува Anadolu Agency (AA).
Американските медиуми пишуваат дека, откако му се расипал автомобилот, Американецот Валтер Кар морал да пешачи ноќ и ден за да стигне до својата нова работа. Џени Лејми, првата клиентка за која работел Кар тој ден, му понудила пауза на работникот откако дознала дека пешечел со часови.
„Не можам да ви кажам колку ме трогна Валтер и неговото пешачење“, изјави Лејми пред новинарите.
Лук Марклин, извршен директор на компанијата во која Кар се вработи, откри што се случило, а наскоро се сретна и со неговиот нов вработен. Откако се напија кафе, Марклин му ги даде клучевите од неговиот Форд од 2014 година за неговата жртва и посветеност.
- Искрено ме воодушеви - рече сопственикот на американската компанија. Кар подоцна им изјави на новинарите дека е многу благодарен што му се даде можност да работи. „Сакав да им покажам дека сум посветен. Реков дека ќе стигнам на работа, на еден или на друг начин“, рече Кар, додавајќи дека ништо не е невозможно ако навистина сакате да се постигне.
Извор: beograd.in