Главниот град на Мексико кој има повеќе од 20 милиони жители „пропаѓа“ во земја– научниците не знаат како да го спасат
- 13 Мај, 2021
Фото: commons.wikimedia.org
Мексико во неволја
Главниот град на Мексико тоне затоа што под него има исушено
езеро, тврдат научниците.
„Градот тоне околу десет сантиметри годишно и тешко е да се поверува дека може да се запре тоа. Овој феномен беше забележан од научниците на почетокот на минатиот век“, се наведува во студијата објавена во научното списание JGR Solid Ert.
Причината е подземното езеро кое остана без вода, па колапсот на градот изграден на површината изгледа неизбежен.
Некои делови веќе паднаа под површината на исушеното езеро, а други сè уште се над површината, сепак, научниците тврдат дека постои зголемен ризик од пукање на површината, што може дополнително да ја оштети инфраструктурата и да предизвика контаминација на преостанатите резерви на вода .