Го донел починатиот вујко во пошта, сакал да му ја подигне пензијата, а сега се брани: Не знаев дека е мртов!

Еден човек од Ирска, кој бил уапсен откако го донел телото на својот починат вујко во пошта за да му ја подигне пензијата, решил да ја сподели својата страна од приказната. Како што вели, само сакал да помогне, не знаел дека е мртов ...

Деклан Хони (40) од Ирска минатата недела се „прослави“ ширум светот. Тој пристигнал во пошта за да му ја подигне пензијата на својот вујко Пеадар (66), кога тоа не му било дозволено без присуство на вујко му, го донел вујко му во подружницата со друг човек и мислел дека работата е решена. Единствениот мал „проблем“ е што вујко му бил мртов. Службениците на поштата пријавиле се кај органите на прогонот, а Деклан и неговиот пријател го фрлиле телото и почнале да бегаат. Тие подоцна беа приведени.

Поради целата ситуација, Деклан сега е главната приказна во Карлоу. Вели дека граѓаните му се закануваат нарекувајќи го убиец, што му било многу тешко. Затоа решил да си го исчисти образот во интервју за Мирор.

Уште на стартот на интервјуто признал дека поминал одредено време во затвор, дека бил и наркоман, но вели дека овие работи сега се зад него.

- Зошто би го направил тоа? Па, јас не сум дете. Имам 40 години! Дали сум луд? Мислите дека сум луд што го правам тоа? Не сум луд – рекол на почетокот елоквентниот Ирец и веднаш продолжил:

- Сите гледаат во моето минато. Не кријам дека не сум бил отсекогаш добар човек, но се сменив. Јас сум „чист“ веќе три години. Не се обидував никого да измамам. Додека го носевме вујко ми во пошта, мислев дека е жив, сега кога ќе погледнам наназад, ми се чини дека можеби умрел пред да стигне во поштата. Само сакав да му помогнам да си ја подигне пензијата – заклучи овој генијалец и сите не‘ потсети по малку на одличниот српски филм „Mrtav ladan“.


Фото: IMDB