Го преживеав обидот за убиство на најпознатата Црна вдовица: Кога ја изневерив ми направи заседа, едвај извлеков жива глава

Гризелда Бланко, позната и како кокаинска кума, чија криминална кариера беше претворена во хит серија на Нетфликс, се обидела да убие и еден од партнерите со кои во тој момент била во врска, откако дознала дека ја изневерил.

Поранешниот партнер на колумбиската нарко шефица Чарлс Козби, кој оперирал во Мајами од 1970-тите до почетокот на 2000-тите, сега за „This Morning“ зборуваше за животот со шефицата на картелот која беше убиена во 2012 година.

Чарлс, исто така поранешен дилер на кокаин од Оукленд, Калифорнија, открил дека Гризелда се обидела да го убие откако бил неверен.


„Таа се обиде да ме убие затоа што ја изневерував. Таа најми детектив да ме следи и тој ја откри мојата мрежа од лаги, измами и предавства, па таа се обиде да ме убие. Јас и простив после тоа. Таа се извини и се беше како и обично“, призна Чарлс.

Малку повеќе зборуваше и за атентатот кој го преживеал поради Гризелда и откри дека панцирот му го спасил животот.

„Бев на околу 3 километри од куќата на мајка ми во Калифорнија и двајца момци во Мустанг ми го попречија патот и почнаа да пукаат во мене. За среќа, носев панцир и тој апсорбира четири куршуми“, рече тој, а потоа додаде:

„Кога разговаравме четири дена по инцидентот, таа ми кажа дека е љубоморна. Нејзината работа беше што навистина не сака бели жени, а јас излегував со бела жена. Ја изневерував Гризелда со русокоса бела жена со сини очи , а тоа уште повеќе го подгреа нејзиниот гнев“.

Чарлс исто така истакна дека Софија Вергара, која ја игра Гризелда, завршила одлична работа.

„Имав можност да ги гледам сите шест епизоди. Има некоја фикција, но што се однесува до Софија Вергара, таа одлично ја одигра улогата, како повторно да ја гледам Гризелда Бланко“, изјави тој.

Инаку, Гризелда на врвот од наркоманската кариера заработувала 80 милиони долари месечно, а додека биле во врска му помагала на Чарлс да ги прошири хоризонтите на бизнисот со дрога, поради што заработил многу пари и го создал своето име во индустријата.


FOTO: Printscreen youtube