Голема желба на Лаушевиќ била вака да го испратат во вечното почивалиште: На семејството му остави аманет да му ја исполнат последната волја

Тивкото заминување на актерот Жарко Лаушевиќ, кој во средата на 63-годишна возраст ја загуби битката со тешката болест, го потресе регионот. Животот го помина во изолација, без преголема медиумска експонираност, а како што се дознава од пријатели и колеги, драмскиот уметник изразил желба таков да биде испратен и во својот вечен дом.

Актерот му оставил аманет на семејството да биде кремиран и неговиот погреб да биде во Белград. Инсистирал погребот да се одвива без големи церемонии и говори, во најтесниот круг на блиски луѓе, потврдил изворот за српски Курир. Лаушевиќ, кој е роден во Цетиње, поголемиот дел од кариерата го помина врзан за Белград, па неговата желба не изненадува.

Поврзаност

Посебната врска меѓу актерот и Белград често беше коментирана, бидејќи тој е роден во Цетиње, за што своевремено зборуваше.

-Тврдат дека сум Црногорец во Белград. Во Црна Гора велат - Белгрѓанин. Татко ми научно докажува дека сме Срби. А јас како Цетињенец се заморувам од многу мислења. Исто така, сакам да им го дадам на секого своето право. Сакам и кога ќе ме најдат на друго место. А најмногу ми се допаѓа кога ме нема никаде – објасни претходно Жарко.

Во чест на драмскиот уметник ќе се одржи комеморација на која ќе говорат пријатели и колеги, а од него ќе можат да се простат сите почитувачи на неговиот лик и дело. Датумот и времето подоцна ќе ги соопшти Југословенскиот драмски театар, кој беше негова матична сцена од 1982 година, кога започна неговата богата кариера, до 1994 година.