Горилите ширум светот имаат проблем со легендарниот Шекил О’Нил

За време на неодамнешното гостување во емисијата „Големиот подкаст“, ​​Шекил О’Нил опиша како горилата во секоја зоолошка градина во која тој отишол пописно спобудалуваат кога ќе го видат, ќе се најутат и автоматски ќе посакаат да се справат со него…

Легендата на светската кошарка за време на ова шоу дури го покани и директорот на зоолошката градина во Мајами, кој само ја потврди неговата приказна, додека О’Нил додаде: „Вистинска приказна. Сум бил скоро во секоја зоолошка градина во светот и секогаш кога ќе стигнам до кафезот на горилата, овие животни ме гледаат како: „Еј, човеку, каде е твоето крзно? Навистина. Можете буквално да ги прочитате нивните лица. Токму така ме гледаат. Горилите исто така ме гледаат како да се прашуваат што правам надвор, а тие внатре и секогаш полудуваат кога ќе ме видат“.

Експертот за животни Рон Магли, директор за комуникации во зоолошката градина во Мајами, не само што ја потврди целата приказна, туку отиде и чекор понатаму, објаснувајќи дека мажјаците од горилата се целосно преплашени од изгледот на Шек.

„Горилите можат да се заплашат, а кога ова животно ќе го погледне Шек и ќе помисли дека ќе му ги одземе девојките, тогаш тој целосно се лути и се обидува да стане за да изгледа што е можно повисоко. Сепак, на крајот, горилата прв ќе отстапи, бидејќи знае кој е газдата“, изјави Магли.

Шек целата приказна ја заврши со фактот дека горилите се целосно луди во секоја зоолошка градина во светот и едноставно се обидуваат да излезат од нивните ограничени средини за да се справат со поранешен кошаркар висок два метри и шеснаесет сантиметри.