Гулаб за кој се мислеше дека изумрел - снимен за прв пат по 140 години
Локален ловец ги убедил истражувачите дека споменатата птица веќе ја видел на стрмен гребен, по што на тоа место поставиле камери.
ИСТРАЖУВАЧИТЕ на островот Фергусон, Папуа Нова Гвинеја, поставија камери за потребите на нивното истражување и успеаја да фатат редок фазански гулаб. Како што се наведува во соопштението на American Bird Conservancy, овој тип на птица е „голем гулаб кој живее на земја“ и тоа само на источниот брег на споменатиот остров.
Многу медиуми објавија дека ова е прва потврдена снимка на таа птица од 1882 година:
„Додека ја гледавме снимката, се чувствувавме како да откривме еднорог. Тоа е момент за кој гледачите на птици сонуваат цел живот“, изјави Џон Митермер од Американската организација за заштита на птици. Тој и неговите колеги, додава, биле воодушевени од глетката на фазанскиот гулаб со црноног кој поминувал пред нивната камера - затоа што мислеле дека имаат помалку од 1 процент шанси за такво нешто.
„Дури кога стигнавме до едно село на западната падина на планината Килкерран сретнавме ловци кои виделе и слушнале за фазанскиот гулаб. После тоа бевме сигурни дека локалното име Ауво се однесува на оваа птица, што ни даде чувство дека конечно се приближивме до неговото живеалиште“, рече биологот и лидер на тимот Џејсон Грег.
На вистинската дестинација ги упатил локален ловец, кој ги убедил дека ја видел оваа птица во неколку наврати во областа околу стрмниот гребен во близина. За да се уверат во вистинитоста на неговата приказна - решиле да постават камери на гребенот, по што ретката птица била снимена само два дена пред крајот на експедицијата.
ФОТО: PROFIMEDIA