Гутереш: Извештајот за климатските промени е „смртна казна“ за фосилните горива
Експертскиот
научен извештај за климатските промени „мора да звучи како смртна казна“ за
употребата на јаглен, нафта и
гас - изјави денеска генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш,
предупредувајќи дека согорувањето на фосилните горива ја уништува планетата.
Меѓувладиниот панел за климатски промени (ИПЦЦ) заклучи дека целта на парискиот договор за климата за зголемување на глобалното затоплување за 1,5 степени најверојатно ќе биде прекршена до 2030 година - една деценија порано од предвиденото пред три години.
Гутереш го нарече извештајот на ИПЦЦ - најдеталниот преглед на науката за климата некогаш направен - „црвен код за човештвото“.
„Овој извештај мора да звучи како смртна казна за употреба на јаглен и фосилни горива, пред да ја уништат нашата планета“, рече Гутереш во соопштението за печатот.
„Земјите, исто така, треба да го прекинат новото истражување и производство на фосилни горива и да се свртат консубвенционирање на фосилни горива во обновлива енергија“, рече шефот на Светската организација.
Фото: Michael Sohn/Pool via REUTERS