Хари ја сака, кралското семејство ја распна: Меган како црна овца поради скандалите
Иако Меган Маркл и принцот Хари даваат се од себе за да ја прикажат ситуацијата во нивното семејство како идеална, на странските медиуми им е пренесено дека вистината е сосема друга ...
Британското кралско семејство, наводно, има помалку трпеливост и разбирање за принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл, кои со месеци раководат со скандалите и донесуваат избрзани одлуки што го нарушуваат угледот.
Еден од нивните потези предизвика гнев од остатокот на семејството. Војводата и војвотката од Сасекс не информирале никој за нивната намера да ги тужат британските таблоиди, што доведува до нови несогласувања.
Хроничарот на кралското семејство, Ричард Палмер тврди дека двојката нема поддршка од останатите членови на семејството, а при тоа се срами од нивните минати потези. Посебно оние на Меган кои ги нарекува „неконтролирани“, избрзани и со многу влијание кон сопругот во донесувањето одлуки.
Постариот брат на принцот Вилијам, наводно, го отфрлил Хари целосно, додека принцот Чарлс и неговата сопруга Камила се оддалечиле од нив, пишува Космополит.
Принцот Хари неодамна ги тужеше таблоидите за Дејли мирор, Сан и Хуз за наводно прислушување на неговиот телефон, што подоцна го потврди и Бакингемската палата.
Меган Маркл исто така поднесе тужба, но против таблоидот Мејл он Сандај, бидејќи тој весник, без нејзино одобрување, објави писмо што и му напишала на својот татко Томас Маркл.