Хеликоптер снимил ЧУДНА ГРУПА НА ЛУЃЕ среде полициски час: По изгледаното видео, кажале БРАВО

Полицијата во еден канадски град забележала шест возила во напуштено подрачје, но кога се приближиле со хеликоптерот и сфатиле што се случува, дури и ги пофалиле жените кои танцуваат, бидејќи цело време одржувале растојание.

„Иако препорачуваме да се остане дома за да се намали кривата на коронавирусот, доколку сте надвор, ве молиме да држите растојание едни од други“ - напиша полицијата. „Нашиот хеликопетер рутински патролираше поради откривање на сомнителни активности. Претходно оваа недела пронајде група возила на паркинг, каде не се случуваше ништо сомнително освен забава среде ден. Благодарам на сите граѓани и на овие танчери за нивната улога во физичкото дистанцирање“ - додаваат тие.