Хероината од Бејрут: Спаси одеднаш 3 новороденчиња
Бејрут, градот на кој вчера му се случи страотен пекол. Огромна експлозија го потресе главниот град на Либан, а според последните информации, загинаа преку 100 лица, а повеќе од 4.000 се ранети, повредени и исчезнати.
Целиот град беше потресен од експлозија што првично се манифестираше како пожар во пристаништето по што дојде до експлозија, потсетува „Би-Би-Си“. Претседателот на Либан, Мишел Аун рече дека причина за експлозијата биле 2.750 тони амониум нитрат што шест години се наоѓале во складиште, меѓутоа не биле испочитувани мерките за безбедност при чување на високо експлозивната супстанца.
За денеска, нагласи тој, е закажана итна седница на владата и додаде дека треба да се прогласи двонеделна вонредна состојба во земјата.
Претседателот Аун, исто така, најави дека Владата итно ќе ослободи 100 милијарди либански лири (околу 66 милиони долари) за санација на последиците од експлозијата.
На интернет кружи приказна за херојска медицинска сестра која во целиот тој хаос спаси три новороденчиња кога експлозијата избувна.Нејзиното име е Памела Зеинен и таа е една од најдобрите медицински сестри во локалната болница која е лоцирана близу до местото каде се случи експлозијата. Очевидци велат дека чудо е како овие деца го преживеаја сето тоа.