Хит на Интернет: Девојки го прегрнуваат Зеленски на сон и спијат на него (ФОТО)
Сите приходи од продажбата ќе бидат наменети за помош на народот во Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски стана многу популарен откако започна руската инвазија на Украина.
Тој стана хит, па дури и секс симбол за некои, благодарение на појавувањата во шоуа неизбричен и во секојдневна облека.
Чешкиот дизајнер сега ја користи таа популарност продавајќи перници со ликот на Зеленски за да собере пари за Украинците.
- Многу луѓе, главно припадничките на понежниот пол, го гледаат како еден вид секс симбол, па добив идеја да направам перница што ќе изгледа како всушност да е во нивниот кревет - изјави дизајнерот Томас Бринек за Ројтерс.
Неговите лимитирани рачно изработени перници веќе привлекоа повеќе од 2.000 нарачки и собраа околу 420.000 круни (18.900 долари).
Тој рече дека сега планира уште една серија поради големата побарувачка.