Холивудски луксуз од 2,5 милиони евра: Каде живеат Жељко и Јована Јоксимовиќ
Добро познатата брачна двојка Јована и Жељко Јоксимовиќ живеат во вила во Сењак од 2,5 милиони евра.
Јоксимовиќ со години живееше во стан во Врачар, кој бил во негова сопственост уште пред да се ожени со Јована. А, откако нивното семејство се прошири, тие одлучија да купат куќа.
- Вилите на Сењак се секогаш скапи, а оваа е меѓу најскапите и најлуксузните. Има повеќе од 20 хектари земја, што е огромна површина за Сењак, а куќата е направена и опремена според највисоките стандарди. Тие ја купиле од нивни добри пријатели.
Јоксимовиќ долго време сонувал да има куќа со двор за деца, а кога Јована се породи, дефинитивно сфатиле дека им треба повеќе простор. Од секогаш им се допаѓала вилата на своите пријатели, а кога слушнале дека ја продаваат, веднаш посакале да ја купат - тврди извор за „Информер“.
Имајќи предвид дека Ана и Срна се' уште се мали, засега само Коста ќе игра во пространиот двор, а им требаше повеќе простор затоа што сакаа и посебна просторија за ќерката на Жељко од првиот брак, Мина.
А, колку е удобна куќата, најдобро сведочат фотографии од вилата.
- Имаат прекрасен базен, но и големо детско игралиште опремено со лулашки и други детали за најмалите.
извор: republika.rsфото:informer
Од овде си замина пред 27 години: Родната куќа на Жељко Јоксимовиќ