И не погреши веројатно: Последното пророштво на Баба Ванѓа

Сигурно не сте знаеле дека славната јасновитка,  пред смртта сподели, што според нејзиното пророштво го очекува целото човештво

Јасновитката Вангелија Пандева Димитрова, попозната како Баба Ванѓа, остави зад себе некои пророштва за иднината што и денес се толкуваат. Но, малкумина знаат што рече таа од смртната постела.

Пророчицата, која станала слепа на 12-годишна возраст, последните години од својот живот живеела во бугарското село Рупите, сметајќи ја оваа област како извор на енергија.

Таа почина на 11 август 1996 година, а неколку минути пред да ја напушти душата остави важна порака за следните генерации.

Таа ја изговори последната реченица:

„Ќе дојде време на чудо кога науката ќе направи големи откритија од областа на нематеријалното“.

Во точно 9:20 часот кога јасновитката го напуштила овој свет, стрелките на нејзиниот ѕиден часовник престанале да работат.