И повторно, светските патници капа ѝ симнуваат на Македонија: Познатата Аргентинка воодушевена од нашата земја
Познатата блогерка Ана Либре од Аргентина која патува низ светот и која е многу популарна на социјалните мрежи, ја посети и нашата земја.
Воодушевена, имаше и што да каже:
Ја открив оваа неверојатна земја. Фасцинира во секој поглед. Толку убава, со целата нејзина култура. Македонија е земја во југоисточна Европа која има богата и разновидна историја. Нејзината историја датира од античка Македонија, која била дом на Александар Македонски, еден од најпознатите освојувачи во историјата. Во античко време, овој регион одиграл важна улога во проширувањето на Римската империја.
Со текот на вековите, Македонија била управувана од различни империи и држави, вклучувајќи ја и Отоманската империја. Во текот на 20 век, таа беше дел од Југославија до нејзиното осамостојување во 1991 година, станувајќи Република Македонија.
Скоро сите под видеото што го објави ѝ пишуваа дека македонија им е следна дестинација за посета.