„Ѕидарски“ сендвич искористила за да шверцува богатство: Овде направила грешка, а цариниците го разоткриле срамот
Жена на генијален начин се обидела да избегне плаќање данок.
Необичен случај е забележан на меѓународниот аеродром во Минхен, кога цариниците запреле турски државјанин.
Го прегледале куферот на жената во седмата деценија и не нашле ништо сомнително. Сепак, тие не застанале, туку решиле да го погледнат нејзиниот „ѕидарски“ сендвич. Имале што да видат таму.
Помеѓу две парчиња леб нашле домати, моцарела и - златна нараквица. Замислете, ниту помалку, нуту повеќе, туку златна.
Властите велат дека неименуваната турска државјанка ја завиткала нараквицата во хартија и ја сокрила во сендвич, обидувајќи се да избегне плаќање данок.
Накитот е измерен, а се проценува дека неговата вредност ја надминува границата за даночни олеснувања (430 евра), која ја пренесоа странските медиуми и дополнително ја шират корисниците на социјалните мрежи.
На крајот жената морала да плати царина од околу 100 евра, но и казна за обид за криумчарење. Изгледа срамот пред надлежните органи не вреди. Сега ја научила лекцијата.
Фото: ПринтскринИзвор: Sd.rs