Инспирирани од „Медена земја“: Колку чини најскапиот мед на светот?

Во исчекување сме на најголемото филмско случување на планетата, доделувањето на „Оскарите„. Нашот докмументарен филм „Медена земја“(Honeyland) е номиниран во дури две категории- за најдобар документарен филм и за најдобар странски филм.  

Историјата ја испишавме, ќе видиме дали ќе ја добие златната статуетка. Во филмот, главната протагонистка- Атиџе одгледува мед од диви пчели и е единствена во Европа. Токму тој мед се смета за многу редок, посебно квалитетен и исклучително здрав.

За Македонија инаку се вели дека поседува органски мед со одличен квалитет кој многупати е награден на меѓународните саеми.  

А најбитен фактор за квалитетот на медот е да потекнува од органско производство без додавање на други шеќери, сирупи и разредувачи на природниот мед. По слободна процена многу е тешко да се утврди квалитетот. 

Единствена гаранција за квалитетот може да се добие само по пат на хемиска анализа и во нашата земја постои само една институција која се занимава со тоа.

Една од најспецифичните карактеристики на медот е што повеќето микроорганизми не се способни да растат во него и затоа не се расипува, замислете, ниту по неколку илјади години. Една лажица мед или 15 милилитри го снабдува организмот со 64 калории што е еквивалентен енергетски внес на 1272 Кј на 100 грама.

„Самовилскиот мед“ е најскапиот мед на светот.

Турските пчелари го продаваат овој раиритет. Се консумира како лек, а не како прехранбен производ.

Цената на овој мед е неверојатни 5.000 евра за килограм. 

Каков мед е тоа?

Се работи за 18 килограми мед пронајдени во пештерата длабока 1.800 метри во долината Сарикаир во Артвин, на крајниот северо-исток на Турција.

Досега се продадени неколку килограми, локалниот пчелар Гунај Гундуз тврди дека станува збор за висококвалитетен мед, кој се произведува во длабока пештера природно и на карпи богати со минерали. Гундуз, вели дека цената на овој мед е само многу висока на прв поглед.

Посочувајќи дека е вклучен во пчеларството три генерации на своето семејство, Гундуз рече дека во 2009 година забележале пчели на влезот на пештерата, а потоа сфатиле дека може да има мед во неа.

Со помош на професионални алпинисти, влегле во длабоките вдлабнатини на пештерата и на sидовите нашле топка со мед од 18 килограми. Го испратиле медот за анализа во престижната француска лабораторија CETAM. Наодите од анализата потврдија дека станува збор за висококвалитетен и со минерали богат мед, стар седум години.

Во 2009 година, еден килограм од овој мед беше продаден на француската размена на мед за неверојатни 45.000 евра, а една година подоцна, беше продаден на кинеските фармацевти за 28.000 евра. Неговата сегашна цена во Турција е 5.000 евра.

Истакнувајќи дека медот се користи повеќе како лек отколку како прехранбен производ, Гундуз рече дека денес се продава во шишиња од 170 и 250 грама, но многу купувачи сè уште се возбудуваат од фактот дека цената на медот може да биде близу до цената на еден автомобил.

Медот се произведува природно и без кошници. Оваа област е богата со ендемични и лековити растенија. Сето ова има влијание врз неговата цена.

Тука е и медот наречен Манука

Се добива од цвеќињата на растението Манука (Leptosperum scoparium), поточно грмушка која расте во Нов Зеланд и се смета за најздравиот мед во светот. Една од главните здрави состојки што го прави овој мед толку посебен и е метилглиоксал (МГО), супстанција со силен антибактериски ефект, што е всушност несакан ефект на производството на мед.

Дури и направено е истражување за количината на МГО во медот, германски научници споредиле шест примероци и заклучиле дека најдобриот мед од Манука содржи од 38 до 761 мг / кг, додека обичниот има до 5 мг / кг.

Чини 30 долари за само 250 милиграми.

Европското списание за клиничка микробиологија и заразни болести во 2010 година објави истражување што ги открива резултатите од студијата за здравствените ефекти на медот Манука. Научниците открија дека овој мед е во состојба да ги убие сите патогени (микроорганизми кои предизвикуваат болест) со кои го тестирале.

Н.Т.