Интернет сензација: Изградија автопат околу нејзината куќа! (Видео)

Кинески град на изградил мост околу мала куќа затоа што сопственичката со децении одбивала да му го продаде имотот на државата.

На снимките од локалните медиуми се гледа имотот заплеткан меѓу новоизградениот мост Хаижуонг во градот Гуангжу, провинцијата Гуангдонг.

Куќата има еден кат и се состои од стан од 40 метри квадратни и како да стои во „дупка“ на средина од патот со четири сообраќајни ленти.

Сопственичката, позната само по презимето Лианг, не сакаше да се пресели бидејќи државата за возврат не најде идеална локација.


- Јас ги знам последиците и не ми пречи што мислат другите за мене. Мислите дека оваа околина е лоша, но чувствувам дека е тивка, ослободувачка и удобна - тврди таа.

Наводно, побарала четири станови, и тие се согласиле да ѝ дадат два. Тие исто така понудија нејзино сместување во близина на градската мртовечница, што е уште една причина зошто таа не се пресели.

Оваа куќа стана сензација на Интернет.

Властите тврдат дека  ѝ понудиле пари, но дека таа одбила сè. Тогаш инженерите повторно ги проучувале плановите за да направат мост што ја заобиколувал куќата. Државата ќе продолжи да преговара со г-ѓа Лианг, пренесуваат медиумите.