Исцелителната икона на СВ. ЈОВАН: Спас за болните и оние кои немаат деца
- 22 Октомври, 2019
Легендите говорат дека иконата на Свети Јован лебдела над изворот со вода, каде што сега се наоѓаат трите чешми во Бигорскиот манастир.
Овој манастир неколку пати бил оштетуван, но таа икона никогаш не била оштетувана.
Зрачејќи на влезот во храмот, во сребрен, сјаен оков и преукрасена со дарови од благодарност, поради многубројните чуда, иконата, како непресушен извор, излева благодат која чудотвори.
Секој дар крие вистинита приказна зад себе. Бројните сребрени медалјони во облик на бебе сведочат дека Свети Јован израдувал многу бездетни родители, дарувајќи им деца.
Многу верници споделуваат неверојани приказни за оваа икона. Од тоа дека со постојана молба пред иконата многу двојки добиле деца, до тоа дека им помогнала на многу болни кои спасот го нашле токму во овој голем светец.