Истрча маратон за три ипол часа, цело време пушејќи цигара: Што човек ќе беше!?

Спортот и цигарите никако не одат заедно. Всушност, тие и не треба воопшто да се консумираат, но во светот постојано се зголемува бројот на пушачи. Ефектите од оваа навика се добро познати, посебно штетни за белите дробови, но тука страда и целиот организам.

И покрај тоа, еден кинески маратонец го истрча маратонот во градот Гендо додека пушеше цигари.

Познат по прекарот чичко Чен, се појави на насловните страници на локалните весници, а набрзо фотографиите на кои пали цигари среде трката ги преплавија социјалните мрежи.


Веибо Чен стекна голема популарност, а организаторите на трката го прославија неговото достигнување со врачување на сертификат за успешно завршување на трката.

Чен заврши на 574-то место во генералниот пласман од речиси 1.500 натпреварувачи, со време од 3 часа, 28 минути и 45 секунди.

Ова не е прв пат 50-годишниот тркач од Гуангжу да биде снимен како пуши за време на маратон.

Фотографиите на кои трча со цигара во рака се појавија уште во 2018 година на маратонот во Гуангжу, кој го истрча за 3 часа и 36 минути, а една година подоцна во Ксиамен, кој Чен го заврши за 3 часа и 32 минути.

Чен е и ултрамаратонец, а една од анегдотите поврзани со него, иако непроверени, е дека пуши само кога трча.