Изгледа како „авион“: Има 64 години, а момците ѝ испраќаат фотографии од нивниот полов орган

Лесли Максвел, 64-годишна баба од Мелбурн, има скоро 60.000 следбеници на Инстаграм, каде објавува фотографии секој ден. Таа обожава да оди во теретана со нејзината 19-годишна внука Тио, која признава дека нејзината баба е „конкуренција“ кога станува збор за мажите.

„Бидејќи изгледа одлично за своите години, таа добива големо внимание од мажите“, призна Тиа. 

„Момците имаат околу 18 години, што е навистина чудно. Понекогаш се само непослушни и ми испраќаат фотографии од полов орган", вели фитнес бабата и додава: „Тоа го сметам за комплимент, одлично е што воопшто ме следат на Инстаграм“. 

Иако на нејзината внука и се допаѓа сето тоа и ја поддржува нејзината баба, ќерката на Лесла, Ванеса, која не е заинтересирана за фитнес и вежбање, не е многу воодушевена од некои фотографии на нејзината мајка. 

„Тоа е твојата мајка, а не твојата ќерка тинејџерка или нешто слично. Не сакам да се промени, само малку до го „намали доживувањето“ искрена е Ванеса.

Иако Ванеса не сака такви фотографии, Лесли вели дека сето тоа е дел од работата. 

„Навистина ми се допаѓа фитнесот, затоа сум секогаш во облека за вежбање и бидејќи се натпреварувам, понекогаш сум на сцена и во бикини. И немам проблем да го споделам тоа, не се срамам од своето тело".

Покрај тоа, Лесли вели дека мора да го следи и да го прави она во што верува. 


„Не можам да го покријам моето тело, а ако сакам да го покажам, тогаш ќе го покажам тоа. Зошто да бидам стара и болна ако не морам, зошто да не бидам на врвот на светот? “, прашува оваа фитнес баба.


Фото: Инстаграм/LESLEYMAXWELL.FITNESS

Можеби ќе ве интересира:

62 години, манекенка!!! А, зошто да не! Погледнете