Изгледа не делува! Маж тужи јасновитка затоа што таа не го спасила од клетвите

Американец тужи јасновитка која тврдела дека за голема сума на пари може да ја отстрани магијата што му ја направиле пред бракот, на барање на неговата поранешна љубовница.

Мауро Рестрепо тврди дека јасновитка ветила дека повторно ќе биде среќен ако и плати 5.100 долари за да направи магија.

Но, откако платил голем аванс, според судските документи, животот на човекот од Лос Анџелес не бил подобар.

Сега ја тужи јасновитката за измама и бара отштета од 25.000 долари.

Рестрепо вели дека ја барал Софија Адамс, која се претставува како „јасновитка експерт за љубов“, за да излезе од несреќниот период.

„Според Адамс, таа лоша среќа му ја донела вештерка ангажирана од неговата поранешна девојка“, се вели во тужбата поднесена во судот во Лос Анџелес.

Според тужбата, Адамс му рекла дека, ако проклетството не се отстрани, несреќата може да го уништи Рестреп, неговите деца и бракот.

Сепак, и покрај примањето на првичните 1.000 долари, Адамс „не помогнала на бракот на кој било начин“.

Тужбата, која ги вклучува сопругот и ќерката на јасновитката и сопствениците на станот, тврди дека Рестрепо претрпел непроспиени ноќи, вознемиреност и неизвесност поради неуспешното отстранување на проклетството.

Што може да кажеме, освен - будалата и неговите пари секогаш се пред развод ...


Фото: Профимедиа