Излегол од затвор, украл шампањ за да прослави и повортно се вратил таму
- 13 Август, 2019
Бивши затвореник е уапсен уште истиот ден кога излегол од затвор бидејќи е обвинет дека украл шампањско во градот Фирт, објави германската полиција..
Во соопштението е
наведено дека дваесет и пет годишното момче во петокот на 9-ти август е виден
како излегува од продавница во градот Фирт, крадејќи неколку шишиња пенливо
вино.
Сопственикот на продавницата се пожалил во локалната полиција и покренал постапка за обвинетиот, а полицијата тврди дека кај крадецот навистина се пронајдени шишиња од шампањско.
Агенцијата изјавила дека ќе помине доста време пред осомничениот да го прослави своето излегување од затвор, бидејќи полицијата соопштила дека кај момчето е пронајден и нож, поради што е покрената истрага под сомнение дека сакал да изврши вооружена кражба.