ЈА ИЗЕДНАЧИ ПЛАТАТА НА ВРАБОТЕНИТЕ СО НЕГОВАТА: Бизнисмен открива што се случило по 4 години

Дан Прајс, претприемач и сопственик на компанија со седиште во Сиетл, пред 4 години си ја намали платата од 1 милион долари годишно на 70.000 за да може да им исплаќа и на вработените по 70.000 долари.

Тој неодамна се појави на социјалните мрежи и ги откри последиците од ваквата одлука.

„Кога воведов минимална плата од 70.000 долари годишно во мојата компанија во 2015 година, Раш Лимбог рече:„ Се надевам дека оваа компанија ќе стане предмет на настава во МБА програмите за тоа како социјализмот не делува затоа што нема да успее “. Нашата фирма оттогаш се зголеми тројно, а денес сме предмет на студии на Харвард “, напиша Прајс.

Вели дека бизнисот е зголемен за трипати, а бројот на вработени кои поседуваат свој дом се зголемил за десет пати. 

„Седумдесет проценти од вработените ги исплатија своите долгови. Бројот на деца на вработените се зголеми за десет пати. Заминувањата на вработените се преполовија. Дури 76 проценти од вработените се поангажирани, двојно повеќе од националниот просек “, напиша тој.

Но, вели дека постојано добива критики од луѓето кои сметаат дека работниците не ја заслужуваат таа плата. 

Во февруари изјави дека се велича алчноста, дека луѓето се отпуштани и понижувани. 


Можеби ќе ве интересира:

Колку навистина се платите во Германија? Просечна заработка 2.948 евра или...