Ја изневери со 14 жени, меѓу нив и најдобрата другарка: Сега брутално му се освети, а не ја поштеди ни неговата љубовница

Новата песна на Мајли Сајрус крена голема прашина во јавноста, а спотот е снимен во куќата во која нејзиниот поранешен сопруг ја изневерил со 14 жени

Новата песна на Мајли Сајрус за кратко време стана голем хит, а многу жени го пеат нејзиниот текст. Многумина се на мислење дека ова е порака до нејзиниот поранешен сопруг, актерот Лијам Хемсворт, а овој сомнеж го подгрева и тоа што Мајли ја објави песната на неговиот роденден.


Така Мајли за главна локација за видеото ја одбра токму куќата во која сопругот ја изневерувал со 14 жени, а во еден дел го носи оделото што го носел актерот кога ја замолил на црвениот тепих да се однесува пристојно пред сите.

View this post on Instagram

A post shared by Miley Cyrus (@mileycyrus)


Додуша, сепак не би го нарекле ова како веродостојна информација, но има некои детали кои јасно укажуваат дека Мајли ја напишала „Flowers“ имајќи го на ум нејзиниот поранешен сопруг.

Да потсетиме, парот се венча во 2018 година, а осум месеци подоцна се разведоа. Потоа се пишуваше дека Мајли е таа што била неверна, и дека Лиам го изневерувала и со жени и со мажи. Сепак, како што стојат работите, изгледа дека токму актерот бил „лошиот човек“ што донекаде го потврдува и текстот, кога Мајли вели дека не сакала да го остави, но не сакала да го лаже, како и дека плачела.

Ова беше само потврда за минатите наводи дека Мајли претходно се обидела да ја поправи и да ја спаси нивната 10-годишна врска, како и дека шокирала што поднела барање за развод во 2019 година.

Лијам во неколку наврати оставаше впечаток дека му е непријатно однесувањето на тогашната сопруга, и ја понижуваше на црвениот тепих. Сетете се само на ситуацијата кога поранешната ѕвезда на Дизни се шегуваше и тверкаше пред него, на што тој ѝ врати со зборовите: „Не го прави тоа, не го прави тоа“...

Тензијата меѓу двојката не можеше да се сокрие ниту во јавноста, а бракот се распадна 6 месеци по тој настан. Но, сега се чини дека Мајли конечно ги доби своите „5 минути“ и се одмазди за сè што претрпела во бракот.

Лијам не се огласи по повод ова, а повторно се актуелизираа гласините дека не ја преболел поранешната сопруга, бидејќи неговата нова девојка е буквално копија на Мајли Сајрус.

Интересно е и тоа што на мрежите се појавија и некои други теории за приказните за љубовниците, па се шпекулира дека една од нив е познатата актерка, инаку миленичката на милиони луѓе, Џенифер Лоренс.

View this post on Instagram

A post shared by Miley Cyrus (@mileycyrus)


Поводот е златниот фустан во кој Мајли танцува во еден момент, кој изгледа е инспириран од изданието на црвениот тепих на Лоренс. Пејачката во еден момент дури ја крена косата, а фризурата неодоливо потсетуваше на онаа на Џенифер. Но, од каде Лоренс во целата приказна?

Многу луѓе не знаат дека Лијам Хемсворт и Џенифер Лоренс се повеќе од колеги - тие се најдобри пријатели, но имале и романтични моменти во минатото.

Тие играа заедно во „Hunger Games“, а гласините за врска започнаа кога актерката го бакнала партнерот на Мајли и зад камерите, што и самата го призна во шоуто на Енди Коен.


„Неодамна, се шпекулира дека вие и Лијам Хемсворт сте биле блиски. Дали вие двајца некогаш сте се бакнувале кога камерите не биле вклучени?“, праша водителот. „Лијам и јас пораснавме заедно. Тој е навистина убав. Што би направиле вие?", одговори таа во еден здив и додаде: „Да, сме се". Иако призна дека се бакнувала со Лијам, ниту еден од нив никогаш не потврди дали се забавуваат или се во врска.

Извор: stil.kurir.rs