Ја реновирале куќата па под тепихот го затекнале ова! Брачен пар се шокирал од она што го виделе во една просторија (ВИДЕО)

Она што мажот и жената не го очекуваа е да пронајдат крвави дамки под тепихот во една затскриена просторија.

- Денеска искинавме тепих стар колку и самата куќа и откривме дека на него има црвеникави дамки, слични на крв. Отпрвин не бевме сигурни од што се дамките, но некако јасно покажуваше дека се работи за крв, а не, да речеме, вино. И тоа поголема количина на крв – рекла жената во видеото на TikTok.

На парот поради ова откритие му се слошило, а потоа повикале полиција, пишува Објектив.

@hausofaquarius Reply to @house.ofthe.rising.sun  The officer said she would check for any cases linked to the house before testing anything #foryou #crimetok Pink Soldiers - 23

-Полицаецот ни потврди дека најверојатно се работи за крв, но нагласи дека без форензичар и официјална проверка не може да знае дали е човек или е на животно - вели жената во видеото кое го погледнале повеќе од пет милиони луѓе.

Официјалните лица им рекле на мажот и жената дека сепак нема да праќаат форензика бидејќи во таа куќа никогаш не била пријавена сомнителна активност и немало пријави за криминал, сопругата рече дека мажот и таа ќе проверат на своја сметка за што се работи и дека и тогаш ќе закачат нова снимка.