Ја тепаше жената и ја тераше да абортира: Сите скандали на пејачот Даниел Поповиќ
Откако почна да се занимава со јавна работа, пејачот Даниел Поповиќ го следат скандали. Поранешната жена го обвини дека ја тепал, ја терал да абортира, за синот не плаќаше алиментација, а сега живее од социјална помош.
Поповиќ се прослави со песната „Џули“, со која во 1983 година, ги бранеше боите на поранешна Југославија на „Евровизија“ во Минхен. Тогаш, сите му предвидуваа голема кариера. Го освои четвртото место, а песната брзо стана мегахит. Но, неколку недели пред самиот натпревар, на познатата „Југовизија“ се случи скандал, кога една група на луѓе негодуваше зошто на овој натпревар оди Даниел, а не Лепа Брена, која со песната „Ситније Циле ситније“ имаше шанса да се пробие на германската музичка сцена.
„На „Евровизија“, место Брена го праќаме напудрениот Даниел. Чкарт“, гласеше тогашната порака од група новинари.
Даниел Поповиќ со поранешната сопруга и со синот
По „Џули“, кариерата на црногорскиот пејач кој живееше во Хрватска тргна надолу. На почетокот на 1991 година се појави на последната „Југовизија“ со песната „Дај обуци левисице“ и го освои второто место. Победник тогаш беше Беби Дол со песната „Бразил“. Тогаш почна војната во Хрватска, па во Босна и Херцеговина, а Даниел престана да се појавува во јавноста.
Во 2005 година, пејачот се разведе од сопругата Сандра Петрж, а таа е една од трите негови поранешни жени со која го има синот Доминик. Во својата книга по разводот, таа откри дека поранешниот сопруг ја тепал и сексуално ја злоупотребувал.
„Се сретнавме случајно, ми рече дека е несреќен и дека јас сум онаа која ја барал целиот живот. Бевме заедно 14 години, од кои пет во брак, кој повеќе пати се обидов да го прекинам. Ме криеше од јавноста додека бев бремена, еднаш и пред мојата ќерка од првиот брак, тогаш се правеше дека не не познава. Првите два пати кога останав бремена, ме натера да одам на абортус, но третиот пат не го послушав“, вели поранешната сопруга на пејачот.
„Од неговото семејство моето дете сѐ уште го нарекуваат копиле а алиментација не плаќа“, изјави тогаш Сандра Петрж. Поповиќ за за малтретирање на поранешната сопруга два пати е осуден условно, првиот пат на шест месеци, вториот пат на десет, но секој пат се извлекувал и не одлежал затворска казна. Дури и од минимално доделената алиментација се обидел да се извлече, негирајќи го фактот дека е татко.
Поповиќ стана популарен во 1983 година со евровизискиот хит „Џули“
Во 2010 година, Поповиќ учествуваше во реалното шоу „Фарма“ која е работена во Хрватска, а за време на претстојот се појавија вести во медиумите дека ја изневерил сопругата Александра пред да влезе на фрамата. Три години подоцна, Даниел изјавил дека среќата ја пронашол во четвртиот брак со сопругата Александра, но и открил дека живеат во Љубљана, од социјална помош.
„Мажот во една врска мора да биде потпора на секое семејство. Во мојот живот, тоа се смени. Александра е таа која „ја има онаа работа меѓу нозете“, изјави пејачот во 2013 година.
„Сѐ се врти околу парите. Јас не можам да си го видам своето дете затоа што не плаќам алиментација. Мајка ми почина, не можев на гробот да ѝ отидам затоа што немам пари за пат до Црна Гора, на гроб на татко ми не сум му бил затоа што немам пари, а камо ли да одам на гробот на тетка ми, која почина во Белгија“, изјави Поповиќ неодамна гостувајќи на една телевизија. Тој додал дека со години не зема пари од авторските права и заклучил дека со други зборови е социјален случај.