Ја викаа непотопливата дама: Го преживеа Титаник и уште два бродоломи: Нејзината животна приказна ја пратеа и теории на заговор
Имаше среќа!
Вајолет Џесап е родена во Аргентина во 1887 година, во семејство на ирски имигранти, но нејзиното детство било обележано со болест.
Таа долго време страдала од многу тежок вид на туберкулоза. Лекарите и дале помалку од една година живот, но успеа да се спаси, да се избори со болеста и да се опорави.
Животот на Вајолет во Аргентина го изгубил значењето по смртта на таткото, па нејзината мајка, со шест деца, се вратила во Европа. Тие се преселиле во Англија, каде што мајката и се вработила како стјуардеса.
Сепак, наскоро и се разболеа, а 20-годишната Вајолет била принудена да бара работа како замена за нејзината мајка. Работата на стјуардеса на прекуокеанските бродови им отворило шанса на луѓето желни за патувања и авантури, а Вики се пријавила во неколку компании.
На почетокот на 20 век, згодна млада жена немала голема шанса да се вработи на прекуокеански брод. Вики добила неколку одбивања, кои најчесто биле оправдани со фактот дека компаниите барале поискусни, средовечни жени. Тие сметале дека една млада привлечна девојка на брод може да стане извор на непријатни ситуации како кај патниците, така и кај екипажот.
Но таа еден ден отишла на интервју за работа во компанијата White Star Line облечена во непривлечна облека, без шминка, со застарена фризура и генерално просечен изглед. Успеа. Во 1908 година, Вики стана стјуардеса на компанијата „Вајт Стар Лајн“, која во тие години беше сопственик на 3-те најпознати бродови во светот.
Овие беа таканаречените сестрински бродови - Британик, Титаник и Олимпик, кои, со мали разлики, беа конструирани и изработени според истиот модел.
Првиот брод од оваа линија на кој Вајолет беше стјуардеса беше Олимпик. Тоа бил најголемиот патнички брод некогаш изграден. Сепак, во 1911 година, Олимпик беше во центарот на една од најконтроверзните приказни за таа година. Имено, се случи бизарен инцидент кога британскиот воен брод Хок се удри во Олимпик, предизвикувајќи сериозна штета.
Дваесет и петгодишната Вајолет успеа да излезе неповредена од инцидентот. Бродот Олимпик всушност не потонал, но за чудо успеал да стигне до првото безбедно пристаниште, но печатот долго време шпекулираше како можело да се случи таков судир.
За Вики тоа беше знак дека е време да се смени бродот по неколку години. Следната година била ангажирана како стјуардеса на најлуксузниот брод некогаш изграден. Бисерот, познатиот Титаник, го започна своето прво патување кон Њујорк во април 1912 година, а помеѓу илјада членови на екипажот беше и Вики.
Ноќта на 14 април, бродот удри во санта мраз, а Вајолет доби посебна задача од нејзините претпоставени. Тие ставија дете во нејзините раце и и наредија со личен пример да им покаже на патниците кои не зборуваа англиски како да влегуваат во спасувачките чамци без паника. Така Вики, додека тонеше скапоцен камен на англиската бродоградба, на спасувачкиот чамец со број 16, успеа да го преживее бродоломот „Титаник“, кој однесе вкупно 1.500 животи.
По оваа трагедија, Вајолет некое време не работеше на бродови, но лекуваше трауми во Лондон. Првата светска војна наскоро започна, а таа се запиша во Црвениот крст како медицинска сестра.
Во исто време, третиот брод од познатото трио на најлуксузните бродови „Вајт Стар Лајн“ доби нова намена - стана огромна воена болница на вода. Се разбира, тоа не можеше да се случи без Вајолет. Во 1915 година, таа тргна ксо бродот Британик на своето прво патување низ ризичното Средоземје, каде беснееше војна.
И по трет пат, се соочи со бродолом. Во август 1915 година, во Егејското Море покрај брегот на Грција, под сè уште неразјаснети околности, се случи сериозна експлозија на бродот. Иако преживеаните останаа со тврдењето дека биле нападнати од торпедо од германска подморница, сепак официјалната верзија останува дека наишле на поставена мина.
Во секој случај, монструозноста од брод со зачудувачки димензии целосно потона за помалку од еден час, поточно, 54 минути. Сепак, за разлика од Титаник, кој тонеше повеќе од два и пол часа, топлото Средоземје на +25 степени беше многу подносливо отколку -2 целзиусови степени во Северен Атлантик. Така, и покрај зачудувачката брзина со која потонал бродот, повеќето од патниците и членовите на екипажот успеале да преживеат. Од нешто повеќе од илјада луѓе на бродот, починаа 30 лица.
Ниту оваа трагедија не ја запре Вајолет. Иако направи пауза неколку години, по војната се врати на првичниот повик - стјуардеса на прекуокеански брод. Од Вајт, таа се придружи на Red Star Line, и со нив двапати го обиколи светот, и ги посети сите континенти.
Таа исто така напишала автобиографија во 50-тите години на минатиот век и во неа многу „теоретичари“ пронашле некои аргументи за нивните, честопати луди тврдења. Покрај ловот на богатство, измамите за осигурување, нападите со вонземјани и слични работи, една од теориите што заслужи внимание се однесува на сопственикот на „White Star Lane“, а со тоа и на бродовите „Титаник“ и неговите „сестри“ - ЈП Морган.
Легендарниот финансиски волшебник, чие име и денес го користи една од најголемите американски банки, беше еден од главните поборници за создавање на централната банка на Соединетите држави. Некои од најбогатите луѓе во светот беа на Титаник на неговото прво и последно патување, а неколку од нив беа жестоки противници на идејата за создавање централна банка.
Вајолет во своите мемоари напишала дека на бродот кружеле гласини дека сопственикот го откажал патувањето во последен момент, како факт што, според неа, ќе го потврдат членовите на екипажот. Имено, Морган го имаше својот апартман на бродот, и сè беше подготвено за да отплови заедно со бисерот на неговата компанија. Сепак, на денот на заминувањето, Морган едноставно не се појави.
Овој случај произведе бројни шпекулации за тоа дали Морган знаел што ќе се случи со бродот, па дури и дека тој наредил ваков исход. Во теориите според кои се предвидуваше бродоломот, Вајолет фигурирала како една од „инсајдерите“ на Морган, луѓето што биле на бродот и кои придонеле за трагедијата.
Починала во 1971 година на 83-годишна возраст.