Ја викаат „Најубавата жена- чисто зло“: Најпроблематичната во модната индустрија
Се појави уште еден скандал во чиј центар е супер моделот Наоми Кембел. Се чини дека ова е шлагот на тортата на инцидентите кои ги направила во кариерата, од кои и самата изјавила дека се срами.
Кениската комичарка Елса Маџимбо предизвика бурни реакции кога неодамна изнесе обвинувања против Наоми Кембел, со која претходно беше блиска. Елса на социјалните мрежи објави осумминутно видео во кое тврди дека Наоми почнала да пие, а сето тоа откако познатата манекенка се разочарала од неа.
Елса и Наоми Кембел првпат се запознале во 2020 година, кога Наоми отишла на одмор во Кенија. Елса и пратила порака и двете решиле да ги поминат празниците заедно. Комичарката тврди дека имале силна врска и дека правеле планови за заеднички проекти. И тогаш Наоми неочекувано се јавила и и се заканила дека ќе ја тужи затоа што снимила документарен филм без нејзина согласност.
Елса рече дека додека биле на одмор разговарале за снимање документарен филм за неа, а Наоми како финансиер и советник. Потоа Елса сама го сними тој филм и Наоми се налути и тоа беше почетокот на нивната расправија.
Elsa Majimbo Reveals Her Fallout with Naomi Campbell in a Video https://t.co/9RnpZRox9b
— Guardian Life NG (@GuardianLifeNG) February 19, 2024
„Да зборувам за ситуацијата со Наоми Кембел е многу тешко и страшно за мене. Но, не сакам да бидам во сопственост на некој друг, и сакам да признаам дека многу од големите хитови во мојата кариера дојдоа од други црнки, не затоа што бев неспособна.
Признавам дека Наоми ми даде голем кредибилитет, особено кога првпат дојдов во Холивуд, направи да се чувствувам посебно, направи многу работи за мене, па не би рекла дека таа ме создаде, како што тврди манекенката. Но, таа имаше голема улога во многу работи. Ние не сме пријатели, не сме непријатели, ние сме ништо“, рекла Елса.
Ова е само еден од низата скандали кои ја следеа Наоми во текот на нејзината долга кариера. Во разговор со Опра пред неколку години, таа самата се обиде да ги објасни нејзините изливи на гнев.
„Се срамам од се што сум направила. Ја преземам одговорноста за работите што сум ги направила и се чувствувам многу засрамено. Мислам дека доаѓа од подлабоко место во мене. Тоа доаѓа од различен вид на емоционално нарушување, бидејќи не го добив тоа што го сакам - па ги фрлам работите. Мислам дека тоа доаѓа од проблемите со напуштање, а исто така и од обидот да изградам семејство околу мене кое не е мое потесно семејство. И ако чувствувам недоверба, тогаш навистина едноставно... сите мои карти пропаѓаат“, рече Наоми.
Во текот на нејзината кариера била склона кон насилни испади. Според Индипендент, таа била обвинета за напади најмалку осум пати. Обвиненијата датираат од 1998 година, кога била обвинета дека ја гушела и трескала од земја својата асистентка во тоа време, пред да ја удри со телефон во глава, јавува Би-Би-Си. Кембел се изјасни за виновна, иако беше поштедена од затвор.
Потоа, во 2007 година, таа повторно се изјасни за виновна, овој пат за напад на нејзината куќна помошничка, Ана Сколавино. Таа фрлила мобилен телефон кон Ана и ја удрила во главата, поради што жената била примена во болница каде добила четири конци. Сепак, Кембел рече дека не сакала да ја повреди.
„Тоа беше несреќен случај, не сакав да ја удрам... Жал ми е поради тоа“, рече таа.
Следната година, таа беше казнета со 4.600 долари и осудена на општествено корисна работа за напад на двајца полицајци на аеродромот Хитроу, според Си-Ен-Ен. Нејзе и е забрането да лета со Бритиш Ервејс.
Таа во емисијата кај Опра изјави дека против неа има неколку лажни обвиненија за напад - таа беше обвинета за удирање на камерата на NBC и напад на возач, за кои тврдеше дека се измислени.
Малата црна книга
Како и многу други јавни личности, Наоми беше наведена во злогласната мала црна книга на педофилот Џефри Епштајн. Иако појавувањето во црната книга не мора да значи дека некој била свесна за неговите злосторства, Кембел во многу прилики беше фотографирана со Епштајн, осудениот трговец со луѓе и педофил. Една од жртвите на Епштајн напиша на Твитер дека Кембел не само што знаела за злосторствата, туку и помагала. Во посебен твит, таа тврдеше дека Кембел била сведок на злоставување.
Упатувајќи се на обвинувањата дека била соучесник во злоупотреба на малолетни девојчиња, супермоделот на својот канал на Јутјуб објави видео „Порака од Наоми“. Иако таа призна дека го познава Епштајн, бидејќи тој често седеше во првиот ред на модните ревии на Викторија Сикрет, таа инсистираше дека не била свесна за злоставувањето што се случувало.
Скандалот со крвавите дијаманти
Чарлс Тејлор, поранешен претседател на Либерија, беше обвинет за злосторства против човештвото во Хаг во 2010 година. Наоми Кембел на крајот беше вовлечена во постапката кога се појавија наводи дека добила крави дијаманти од воен лидер. Крвавите дијаманти кои потекнуваат од земји уништени од војна, кои се користат за финансирање на злосторства. Како доказ на судењето беше искористена фотографија од Кембел како позира покрај Тејлор и Миа Фароу, кои присуствуваа на забава во куќата на Нелсон Мандела во 1997 година, објави Гардијан. Фотографијата беше особено контроверзна бидејќи се тврдеше дека Чарлс Тејлор во тоа време бил во Јужна Африка за да набави оружје во замена за крвави дијаманти.
Зборувајќи за медиумите пред судењето, Кембел инсистираше на тоа дека не добила никакви дијаманти од Тејлор, но Фароу се спротивстави на нејзините тврдења.
„Таа рече дека во текот на ноќта некои мажи тропнале на нејзината врата, а таа, полузаспана, ја отворила вратата, а луѓето на претседателот Чарлс Тејлор ѝ дале огромен дијамант“, рече Фароу. Сепак, самиот Тејлор рече дека дијамантите што ги дал Кембел не се крвни дијаманти.
Иако нејзината врска со него остана нејасна, таа на крајот се согласи да соработува со властите и сведочеше на судењето. Таа тогаш признала дека ги добила дијамантите од Тејлор, но немала поим дека тоа се крвни дијаманти или од каде потекнуваат. Тејлор беше осуден за воени злосторства во 2012 година и осуден на 50 години затвор, според Си-Ен-Ен.
Долго пред инвазијата на Украина во 2022 година, Владимир Путин беше многу контроверзна личност, но тоа не ја спречи Наоми Кембел да го интервјуира за GQ во 2011 година.
Интервјуто беше лесно, а Наоми го праша Путин за неговото здравје и фитнес режим. Таа, исто така, го пофали за неговата фит фигура. Разговорот станува се поморничав, а особено бизарен кога Путин почнал да зборува за својата љубов кон девојките. Тој особено ги пофали напорите на група студентки кои позираа во долна облека како дел од еротскиот календар по повод неговиот 58-ми роденден и истакна дека тие девојки биле храбри.
За време на настапот во 2016 година, супер моделот Тајра Бенкс ја раскажа историјата на нејзиното запознавање со Наоми Кембел. Кога првпат пристигнала во Париз како млада манекенка, Бенкс веднаш беше споредена со Кембел. Наоми ги сфати споредбите на погрешен начин и го ја натера Бенкс да се чувствува непожелно, контролирајќи ја на секој чекор и имала удел во договори кои и се нуделе на Бенкс, а Наоми интервенирала тоа да не се случи.
Таа откри дека плачела секој ден бидејќи била цел на колешка.
Груба кон персоналот
Во 2001 година, таа беше забранета од продавница во Лондон откако вербално го нападна персоналот и наводно рекла: „Не знаеш ли која сум јас?“ кога веднаш не ја пуштија. Вработените во рестораните неколку пати изјавиле дека таа секогаш била груба со келнерите, дека често враќа храна и дека вработените секогаш се плашеле кога Наоми резервирала. Посебно се дерела пред сите, а таква била и на сетовите на снимање. Дали мајчинството ќе ја промени, ќе видиме. Засега, сеуште е активна на модните писти, а има 53 години и сеуште најбараниот модел на денешницата.