Јана беше најплатената љубовница на планетата - Саудиски принц ѝ плаќал по 30.000 евра дневно: Еве што ѝ се случило и како изгледа денес

Во 2020 година, целиот свет слушна за Јана Орфева, убава украинска манекенка - општо познато беше дека во тој момент таа беше најплатената љубовница во светот. Имено, таа се забавувала со саудиски принц, а за тоа наводно добивала неверојатни 30.000 евра дневно!

Оваа мултимилионерка, барем додека траеше нејзиниот аранжман, доби и скапи автомобили и луксузни патувања. Сепак, великодушноста на принцот не застана тука - покрај фиксната плата, на Јана во неколку наврати и даваше огромни суми на пари од над 120.000 евра!


24-годишната жена со парите купила луксузни станови во Киев и Москва. Инаку, пријателите ја опишуваат атрактивната Украинка како „добра и убава“, но „разгалена“.

Јана е многу активна на Инстаграм, каде ја следат над 180.000 луѓе, а таму секојдневно споделува детали од својот луксузен живот, често се фали со својата витка линија, но и со модните изданија.


Иако и самата никогаш не го рекламирала својот приватен живот, сигурно е дека веќе не е во врска со саудискиот принц, а пред неколку месеци објави фотографија од свршенички прстен.


Таа не го откри идентитетот на нејзиниот нов избраник, но се шпекулира дека станува збор за многу богат човек од Швајцарија.


Фото: Инстаграм - yana.orfeeeva