Југославија некогаш била ГОЛЕМА СИЛА: Да не дојдеше до нејзин распад, можеби вака би изгледала денес

Југославија беше на врвот и една од најмоќните држави во Европа. Сепак, различни фактори го предизвикаа нејзиниот колапс во 1990-тите.

Сепак ние се обидовме да замислиме како ќе изгледаше оваа голема држава доколку не дојдеше до распад. Можеби токму вака:

Тоа би била осмата најнаселена земја на стариот континент. БДП по капитал на просечен Југословен во 2018 година би бил 18.526 долари.Таа бројка е помала за Хрватите и Словените отколку што ја имаат сега, додека за другите земји би била поголема. Вкупниот БДП би изнесувал 191 милијарда, а според тој параметар Југославија би била 53-та во светот. Православието би било најзастапено со 43%, потоа католицизмот со 27%, а исламот со 22%.

Југословенската народна армија се сметаше за воена сила на европско тло. Денес околу 228.000 војници би ги бранеле границите на државата од непријателот. За споредба, војската на Велика Британија брои повеќе од 230.000 луѓе. За потребите на новата ЈНА годишно би се издвоиле две милијарди долари.

Таа би освоила осум златни медали на Олимпијадата во Рио. Што би ја сместило на 13-то место на најуспешни земји на ОИ. Држава од шест републики денес би имала два милиони луѓе помалку отколку пред распадот. Повеќето од нив купиле билети во еден правец за западноевропските земји.

beograd.in